НАШИТЕ ИНТЕРВЈУА

Body

This website was made possible by the genereous support from:

the Conference On Jewish Material Claims Against Germany  and the International Holocaust Rememberance Alliance 

Од 2000 година наваму Centropa направи 1, 200 интервјуа со повозрасни Евреи кои денес живеат во 15 држави во областа од Балтикот до Егејот (почнувајќи од Естонија и Русија, па се до Русија и Турција), но при тоа не се направени видео снимки, ниту пак истите се целосно фокусирани на холокаустот.

Наместо тоа, ние собравме и дигитализиравме илјадници семејни фотографии. Оние кои ги правеа интервјуата поминуваа повеќе од дваесет часови со секој од испитаниците, барајќи од нив да го отсликаат светот во кои тие некогаш живееле, но и светот кој подоцна одново го создадоа за себе и за своите семејства по завршувањето на војната (исто така, совесно го забележувавме и сето она што тие сакаа да го споделат во врска со холокаустот).

Интервјуата прво се снимаат, потоа се запишуваат, се преведуваат и се внесуваат во нашата онјалн база на податоци во делот „Еврејските Сведоштва за Изминатиот Век во Европа“. Повеќето од приказните се на англиски јазик, но  исто така имаме засебни веб сајтови и база за пребарување на германски (материјал кој се однесува на нашите интервјуа од Виена) и на унгарски јазик. Историчарите и сите други истражувачи имаат можност во секое време да не исконтактираат и да ги прочитаат нашите оригинални записи.

Во периодот кога беа направени најголемиот дел од нашите интревјуа (од 2000 до 2007 година), за нас работеа над 140 лица кои ги вршеа интервјуата, потоа историчари, уредници, препишувачи од Русија, Украина, Литванија, Латвија, Естонија, Полска, Унгарија, Република Чешка, Словачка, Австрија, Романија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Хрватска. Режијата на овој наш проект беше реализиран со помош на Есцер Андор и Дора Сарди.  

Посебна благодарност до Др Маргалит Беџарано, директор на Хебрејскиот Универзитет за Орална Историја од Ерусалим. Таа ги посети нашите семинари во Санкт Петрбург, Будимпешта, Солун и Истамбул и при тоа го сподели со нас своето мислење во однос на нашата методологија, кое за нас беше од непроценлива вредност. .

Што можете да очекувате од интевјуата на Centropa

Како што наведовме погоре, најголем дел од интервјуа се направени со Евреи кои се родени пред 1932 година и сеуште живеат во Европа во времето кога интервјуата беа направени. Одреден број од нив беа направени со
Евреи кои емигрирале во Израел, но не и со оние кои емигрирале во некоја друга земја. Ова не е заради тоа што ние не сакаме да зборуваме со Евреите кои емигрирале, туку причината е поврзана со фондовите и организациските капацитети (кои исто така се во поврзани со фондовите)

Исто така, нашата примарна цел беше да побараме од најстарите Евреи, кои сеуште живеат во земјите од Балтикот до Егејот да ги споделат со нас своите приказни од пред еден век, онака како што тие ги доживеале. Земајќи го предвид сето она што тие го преживеале, нашата цел беше да им дадеме на идните историчари што покомплетна слика за животот на Евреите од оваа област.

 Ова значи дека ние немаме направено интервјуа со ортодоксните Евреи, со оглед на фактот дека тие кои потекнуваат од овие земји, емигрираа по стапувањето на комунизмот. Иако некои помлади Евреи кои живеат во овие земји денес се произнесуваат дека се ортодоксни, сепак тие не живеееле како ортодоксни Евреи во времето  на комунистичката ера. Во Австрија, каде што имаме направено повеќе од стотина интервјуа ниту еден ортодоксен Евреин не сакаше да биде вклучен во нашиот проект.     

Оралната историја и современата документација
Приказните на оние кои имаат осудесет години и се потсеќаат на годините од својата младост не можат во никој случај да се споредат со читање на современите документи, писма, написи и сл. Несомнено е дека времето постепено ги излитува кревките рабови на нашите сеќавања на повеќе начини. На оние кои се интересираат за личните стории Centropa срдечно им ја препорачува книгата Awakening Lives: Autobiographies of Jewish Youth in Poland. Оваа книга претставува збирка од најдобри есеи напишани од млади Евреи од Полска во 1939. Според спроведената анкета од страна на YIVO,  очигледно е дека ниту еден од писателите немал претстава за она што го имаат на располагање.

Исто така, ви го препорачуваме Hungarian and English language website of DEGOB, во кој што Евреи од Унгарија, кои се штотуку вратени од  концентрационите логори, раскажуваат за она што го доживеале таму. Нивните приказни се полни горчина, бес и тага, што е всушност и очекувано.

Нашата методологија
Многу од интервјуата се резултат на повеќе наши посети на испитаниците во текот на неколку седмици. Нашата цел не беше само да го направиме интервјуто, туку исто така и да се поврземе со повеќето од нив за да можеме да ги чуеме нивните приказни и истите да ги запишеме.

Како го направивме тоа? Преку развивање на методологија која ја расцепкува животната сторија на нашите испитаници во неколку заглавија и посветување на соодветно внимание на секое од нив. Вообичаените теми на разговорот беа: мојот град, моите баба и дедо, што работеа моите родители, збиднувањата на училиште, младинските клубови и сл. 

Линковите со инструкции од лицата кои ги изработија нашите интервјуа се наведени подолу на англиски, унгарски, руски, германски и други јазици. Материјалот со инструкции на англиски јазик е најцелосен и дава детални информациии за тоа како да ги скенирате сликите, како да ги поставувате прашањата и како да ја користите нашата база на податоци.

ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЕВРЕЈСКАТА МЕМОРИЈА – ОЖИВУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА

Едукативната веб програма која што ја нуди Centropa е составена за училиштата во Европа, Северна Америка и Израел. Ние ги поттикнуваме наставниците да ја предаваат еврејската и европската историјата од 20 век на интердисциплинарен начин. Затоа, нашиот наставен материјал е инвентивен и интерактивен и истиот има интернационален карактер.

Иновативна Он-лајн Платформа

Нашата едукативна програма се базира на 1,250 интервјуа направени со Евреи кои го преживеале холкаустот, како и на нивните 22, 000 семејни фотографии кои Centropa ги собира од 2000 година наваму. Исто така, дел од најверодостојните семејни биографии ги преточивме во кратки мултимедијални филмови кои денес се прикажуваат во повеќе од 500 училишта низ 16 различни земји во светот. До сега имаме направено околу 30 кратки биографски филмови за семејните приказните на Евреите од Европа, како и 10 кратки документарни филмови. Сите филмови се во времетраење од 3 до 30 минути и истите можат да се користат во повеќе видови на образовни установи, како на пример: државни училишта, еврејски училишта, еврејски верски училишта, на универзитетите и образовните установи за возрасни. Сите филмови можете да ги најдете на www.centropa.org/centropa-cinema и истите можете бесплатно да ги превземете. Сите биографии и фотографии можете да ги најдете на www.centropa.org/search-our-database-jewish-memory. Во прилог на секој од филмовите дадена е кратка историска студија која ја појаснува историската позадина на филмот. Исто така, нудиме и наставни планови за час составени од наставници, во кои тие покажуваат како ги примениле нашите филмови (и останатиот наставен материјал) на нивните часови.  Овој наставен материјал можете да го пронајдете веднаш до секој од филмовите, или на www.centropa.org/teaching-materials.

На нашата веб страна исто така, ќе можете да ги погледнете нашите патувачки изложби. Доколку ви се допаѓаат дигиталните верзии на страната www.centropa.org/exhibitions или сакате да ја донесеме изложбата во вашето училиште, библиотека или локален културен центар, испратете ни е-маил и ние со задоволство заеднички ќе ги разгледаме можностите за тоа. За повеќе информации за нашите изложби притиснете овде.

Интеркативни Ученички Проекти

Нашата програма е дополнета со интерактивен сајт на ученички проекти, каде што учениците сами можат да ги прикачуваат своите проекти, да ставаат коментари на проектите на учениците од други училишта и да се запознаат со нив. На страната Border Jumping Community, можете да најдете ученички проекти од најразлични земји во светот, кои се докуметирани со фотографии, видео снимки, power point презентации и текстови.

Меѓународна Обука за Наставници

Centropа започна со организирање на семинари за наставници во летото во 2007 година, кога во Виена и Будимпешта беа повикани девет наставници од средните училишта од САД, со цел добивање на повратна информација од нив за нашиот Centropa веб сајт и нашите почетни филмови. Од тогаш наваму, нашата едукативна програма од година во година станува се пообемна. Денес организираме локални работилници, национални и интернационални семинари во САД, Европа и Израел и секоја година повикуваме 60-75 едукатори од 15 различни земји на нашата летна академија која се одржува во Централна Европа еднаш годишно. На нашата веб страница можете да ги погледнете нашите едукативни програми кои се достапни на англиски јазик, хебрејски,  германски, чешки, словачки, бугарски, унгарски, полски, литвански и романски јазик.

Наставници по англиски јазик, јазик и литература, општествени науки, историја, ликовно образование и фотографија ги користат нашите наставни материјали за да предаваат историја, јазици (германски и англиски како странски јазик), креативно пишување и творење, етика, образование за холокаустот, еврејска историја на 20 век, филм и фотографија.

Во мометот соработуваме со

  • Државни, приватни и парохиски училишта од САД, а особено со училишта од Флорида, Јужна и Северна Каролина.
  • Европски државни училишта од: Австрија, Литванија, Полска, Република Чешка, Унгарија, Романија, Србија, Босна, Грција и Македонија
  • Наставници обучувачи, составувачи на наставни програми, музејски едукатори, како и (американски) градски и државни управни одбори и (европски) министерства за образование.
  • Државни училишта од Израел
  • Еврејски основни и средни училишта од САД
  • Еврејски основни училишта од Англија, Финска, Шветска, Русија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Република Чешка, Германија и Хрватска.
  • Училишта за факултативно еврејско образование и образовни институции за возрасни во САД

И покрај постоечките разлики во очекуваните исходи од секоја таргет група на наставници, нашите три глави цели се:

  • да се поврземе меѓусебно на полето на еврејското наследство преку создавање на програми за историјата на 20 век, а не само за Третиот Рајх
  • да ги користиме овие програми на иновативен начин и со тоа да го направиме образованите за холокаустот применливо во разновидни средини
  • да се спротиставиме на појавата на антисемитизам и на одрекување на холокаустот преку создавање на програми кои ги реализираат ученици, а потоа ги споделуваат со своите врсници преку границите, океаните и етничките ограничивања.

Едукативните програми на Centropa се единствени од неколку причини:

  • огромен дел од нашите програми се базираат на илјадници дигитализирани фотографии кои се достапни онлајн.
  • сите наши програми се резултат на постојана размена на повратни информации помеѓу нашите наставниците соработници.
  • нашите образовни ресурси се составени од нашата мрежа на наставници, а тоа значи дека тие се составени од оние кои работат со тинејџери и наставници обучувачи и дека истите се веќе применети во наставата.  
  • ние ја продолжуваме соработката со нашите едукатори и по завршувањето на семинарите и летната академија преку воспоставување на онлајн врска со нив. Имено, тие стануваат дел од тимот на Centropa преку правење на свои презентации на работилниците на Centropa, преку раководење на локални едукативни програми или промоции на книги, како и претставување на Centropa на разни стручни конференции. 

За повеќе информации за нашите едукативни програми можете да стапите во контакт со:

Mr. Fabian Ruehle, образовен директор за Европа, ruehle [at] centropa.org (ruehle[at]centropa[dot]org)

Dr. Lauren Granite, образовен директор за САД, granite [at] centropa.org (granite[at]centropa[dot]org)

Mr. Marcell Kenesei, координатор за еврејските училишта од Европа, kenesei [at] centropa.org (kenesei[at]centropa[dot]org)