Centropa наставен час- Истражувачки проект
Centropa Филм : Годините си го Прават Своето
Наставник: Драган Ѓоргиевски
Училиште: Основно училиште „Стив Наумов“- Битола, Македонија
Основни информации:
Тип на училиште: Државно училиште
Наставен предмет: Етика во религиите
Возраст на учениците: 6 одделение ( 11-12 години)
Број на наставни часови: 6 часови по 40 минути
Информации за часот – Истражувачки проект
Овој истражувачки проект се реализираше во рамките на ученичките вон-наставни активности. Проектот се изработи преку итеграција на настава по повеќе предмети и тоа: етика во религиите, етика, историја, информатика и македонски јазик. Целта на овој проект е да го стимулира истражувачкиот дух кај учениците и нивната мотивираност да научат нешто повеќе за еврејската етничка заедница која опстојувала во Битола пред Вторта Светска Војна преку примена на современи методи и технологии во наставата. Барањата на проектот се компатибилни со возраста на учениците и наставните програми по наведените предмети.
Образовни цели:
Историја:
- Стекнување на знаења за Втората Светска Војна
- Запознавање со историјата на Евреите од Битола
- Осуда на Холокаустот како едно од најголемите зла на човештвото
Етика во религиите, македонски јазик и етика:
- Стекнување на знаења за религијата Јудаизам
- Запознавање со етичките и моралните вредности на Јудаизмот, заедништвото и семејните вредности
- Запознавање со јазикот Ладино како еден од јазиците кој се зборувал во Битола пред Втората Светска Војна
- Запознавање со еврејските обичаи, култура и традиција .
Општи (универзални) цели:
- Развивање на свест за мулти-етничност и меѓу-национална толеранција
- Примена на иновативни методи во наставата
- Зголемување на мотивираноста кај учениците за учење
- Подобрување на вештините на учениците за правење на истражување
- Примена на современи методи на настава – коритење на градот како училница - виртуелна временска машина за патување од сегашноста во минатото
- Стекнување на трајни знаење за историјата на градот и етничките заедници кои живеат во него
- Создавање на база на податоци со цел реализирање на наведените цели
- Развивање на чувство за заедништво, соживот и емпатија
Ресурси:
Официјалната страна на Centropa: http://www.centropa.org/
Линк за филмот „Годините го прават своето“ - http://www.centropa.org/centropa-cinema/beno-and-roza-kamhi-years-make-their-own?subtitle_language=
Фотографии од ресурсите на Centropa:
http://www.centropa.org/pictures-stories?type[]=photo&title=Ruso&donor=44956#collapsed
Историскиот архив, Битола
Завод на музеи и Галерија, Битола)
Иститутот за Национална Историја, Гласник бр. 5 (реконструкција на јазикот Ладино и еврејските обичаи)
http://www.centropa.org/sites/default/files/documents/glasnik_55_celosen.pdf
Интернет
Facebook page - Кај ми се комшиите https://www.facebook.com/KajMiSeKomsiite?ref=bookmarks
Компјутер, ЛЦД проектор
Фаза 1 (Час 1 и 2)
Час 1
Воведен дел
Активност 1: Наставникот ја воведува темата, преку кратка презентација – „Да не се повтори“ (животот и историјата на Евреите од Битола, пред Војната и потоа)
Активност 2: Наставникот го воведува филмот.
Главен дел
Активност 1: Учениците го гледаат филмот
Активност 2: Учениците се делат на три групи и дискутираат на следните теми:
- Група А: Кој е лошиот аспект на филмот (Што е она што не ти се допаѓа? Дали би се обидел нешто да смениш?)
- Група Б: Мотивирачките елементи во филмот
- Група В: Кои се местата, зградите, улиците и ликовите во филмот кои ги препознаваш и можеш и денес да ги видиш во Битола?
Завршен дел:
Активност 1: Дискусија по одговорите од работата во групи
Час 2
Воведен дел
Активност 1: Наставникот го воведува часот и барањата од учениците – со помош на програмата snap shot учениците вадат слики од филмот од автентичните места во градот
Главен дел
Активност 1: Учениците ја извршуваат задачата
Активност 2: Работа во групи
· Група А: Ги подредува добиените слики по хронолошки редослед и подготвува кртака усмена презенатација за историските настани кои се поврзани со секоја од сликите
- Група Б: Креира патека/ маршрута според која дадените места ќе се посетат
Завршен дел
Активност 1: Претставници од двете групи ја презентираат зададената задача
Фаза 2 (Час 3 и 4)
Градот како интерактивна училница – истражување на терен
Образовни цели
· Стекнување созананија за животот на Евреите во Битола пред Втората Светска Војна
· Собирање на материјал со цел создавање на база на податоци
· Собирање на материјал со цел снимање на ученички филм
Воведен дел
Активност 1: Учениците се делат во 3 групи
· Група А ќе прави фотографии од местата кои ќе се посетат
· Група Б ќе снима видео снимки од местата кои ќе се посетат
· Група В ќе собира (запишува) информации добиени на терен
Главен дел
Активност 1: Учениците предводени од наставникот ги посетуваат следните локации:
- Еврејските маала во градот Битола
- Пионерскиот Дом
- Местата каде биле лоцирани битолските синагоги
- Еврејските гробишта
Активност 2: Учениците ги изработуваат задачите кои им беа зададени по групи
Завршен дел
Активност 1: Враќање во училница, дискусија по собраната база на податоци
Фаза 3 (Час 5 и 6)
Час 5
Воведен дел
Активност 1: Наставникот ги воведува целите на часот – стекнување на сознанија за еврејската култура, традиција и религија со цел создавање на целосна слика за животото на Евреите кои живееле во Битола пред Втората Светска Војна.
Активност 2: Наставникот ги дели учениците 4 во групи
Главен дел
Активност 1: Наставникот поделува на секоја од групите однапред подготвен испечатен материјал на следните теми:
Група 1: Еврејските празници
Група 2: Религија Јудаизам
Група 3: Обичаите, културата и традицијата на сефардските Евреи од Балканот (гатанки, поговорки, народни песни и балади)
Група 4: Ладино- јазикот на сефардските Евреи од Балканот ( Гласник бр. 5 – Институт за Национална Историја)
Активност 2: Учениците работат на поделениот материјал и подготвуваат кратка усмена презентација на материјалот
Активност 3: Претставник од групите прави усмена презентација на групната работа
Завршен дел
Активност 1: Учениците се обидуваат да прочитаат зборови на јазикот Ладино од Гласник 5 – Институт за Национална Историја
Активност 2: Дискусија со учениците за она што го научија на часот
Домашна задача: За следниот час да се донесе материјалот кои учениците го собраа на терен за време на час 3 и 4
Час 6
Воведен дел
Активност 1: Наставникот ги дели учениците во групи според задачите кои им беа доделени на учениците за време на теренското истражување – час 3 и 4
Главен дел
Активност 1: Учениците во групи од 4-5 ученици го прикачуваат собраниот материјал од теренското истражување на нивната Facebook страна Каде ми се комшиите? Според зададените задачи учениците прикачуваат:
а) фотографии од посетените места
б) видео снимки од теренското истражување
в) пишан материјал од теренското истражување
Завршен дел
Наставникот и учениците ја разгледуваат создадената база на податоци на Facebook страната Каде ми се комшиите? на ЛЦД проектор
Забелешка: Дел од реализираните активности можат да се погледнат на http://www.centropa.org/border-jumping/school/ou-stiv-naumov-ou-dame-gruev-other/po-stapkite-na-eden-film-do-edno-minato